(Фото) Автобус на ЈСП заврши врз жардиниерите кај ТЦ „Мавровка“

by Fokus

Сообраќајна несреќа денеска се случи пред ТЦ „Мaвровка“ во Скопје.

Двокатен автобус на ЈСП – Скопје од засега неутврдени причини заврши врз заштитната ограда со жардиниерите кај булеварот.

Не е познато што е причина за несреќата и дали има повредени.

На местото на настанот забележливо е присуството на полицијата која врши увид.

 

 

 

Поврзани новости