ФОТО Аце Коцевски за одронот кај Велес: Општината презеде мерки, се очекува од државните институции да реагираат

by Fokus
Одронот на регионалниот пат Велес-Градско кој предизвика проблеми во патничкиот и железничкиот сообраќај ќе се решава со интервенција на надлежните државни органи.

„Соогласно заклучоците од состанокот одржан на 16 март годинава со стручни лица од Општина Велес, Јавното претпријатие за државни патишта, Градежниот факултет-Скопје, Градежниот институт, велешката подружница на ЈП „Македонија пат“, СВР –Велес, ЈП „Македонски железници и Инспекторатот за патишта, утврдено е дека на карпестата маса која се наоѓа десно од патот има пукнатини и истата не е стабилна.
Поради тоа не може веднаш да се пристапи кон дробење и товарање на одронетиот материјал – во телефонски разговор за ,,Фокус’’ открива градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Тој додава дека се работи за сложена процедура, но ветува дека проблемот ќе биде саниран.

-Неопходно е најпрвин ЈП за Државни патишта да стапи во контакт и да договори интервенција со фирма која има искуство и може да обезбеди искусни минери кои би пристапиле кон уривање на нестабилните блокови од карпата лоцирана десно од регионалниот пат. Веднаш потоа надлежните од ЈП „ Македонија пат“ ќе пристапат кон утовар и транспорт на одронетиот материјал. Дополнително треба да се обезбеди и железничката пруга која е во непосредна близина лево од регионалниот пат. Одронот урна и дел од потпорниот ѕид помеѓу патот и пругата и истиот треба да се санира. Во втора фаза треба да се нарача проект за обезбедување стабилност на карпите над регионалниот пат. Договорено е општина и „Македонија пат“ веднаш после одронот ги поставија потребните знаци за водење на сообраќајот кај клучка Караслари, и го забранија сообраќајот и за пешаци и за моторни возила. Општина Велес согласно законските надлежности до сега ги има преземено сите неопходни мерки за решавање на ситуацијата. Се очекува и државните институции да ги реализираат надлежностите за решавање на состојбите и обезбедување на максимална безбедност за учесниците во сообраќајот – информираат од општината.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости