(ФОТО) Арнаутовиќ се извини и на македонски и албански јазик

by Fokus

Австрискиот напаѓач, Марко Арнаутовиќ во вчерашниот натпревар против Македонија беше во центарот на вниманието, поради навредливите зборови упатени кон Езџан Алиоски.

Тој го постигна третиот гол за Австрија, а потоа влезе во вербален конфликт со Алиоски. Медиумите открија дека имало навреди на националистичка основа. Арнаутовиќ преку социјалните мрежи се извини и на македонски и на албански јазик.

„Вчера имаше некои жешки зборови искажани во емоции на натпреварот, за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели во речиси секоја земја, и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ на Инстаграм.

Поврзани новости