424
Во Апелациониот суд во тек е јавната седница на која се расправа за жалбите поднесени за првостепената пресуда за случајот „Ликвидација“, во кој како обвинет е и новинарот Томислав Кежаровски. Во моментот се чита првостепената пресуда, според која новинарот беше осуден на затворска казна од 4,5 години. После тоа, обвинетите и нивните адвокати ќе ги образложат своите жалби.