729
Македонската најуспешна аплинистка Илина Арсова на денешен ден, пред седум години успеа да стапне на највисоката точка во светот, врвот Монт Еверест.
Таа на својот Инстаграм профил постави неколку фотографии од качувањето, велејќи дека ништо во животот не може да се постигне сам.
„Утрото во 3:15 минути, на овој ден пред седум години, ја имав таа величенствена среќа и можност да застанам на врвот на светот.
Овој дострел претставуваше чин на самонадминување и докажување себеси дека МОЖАМ, но истовремено испишување на нова историја на жените во спортот и виден резултат за планинарските спортови“, напиша Арсова на својот профил.