ФОТО Ахмети нема бројач на пари во кабинетот, фотографијата е од канцеларија на косовски бизнисмен

by Фокус

Фотофрафијата од Али Ахмети на која може да се види апарат за броење на пари не е од кабинетот на лидерот на ДУИ, туку од канцеларијата на косовски бизнисмен, реагираат од партијата по објавата на портали на албански јазик дека Ахмети има бројач на пари во кабинетот.

Од партијата посочуваат дека станува збор за канцеларијата на сопственикот на компанијата Татковина од Гнилање, Исмет Сулејмани, кој, како што велат од таму, бил ветеран на ОВК и голем поддржувач на албанската кауза.

На оваа фотографија што привлече големо внимание на социјалните мрежи Ахмети гледа во портретот на основачот и водачот на ОВК, Адем Јашари, но поголемо внимание привлече детаљот со бројачот на пари.

 

Поврзани новости