715
Меѓународниот аеродром Скопје полека се полни со навивачи, кои допатуваа од разни места на Скопје и Македонија за подоцна да ги пречекаат ракометарите на Вардар.
Дел од навивачките автобуси веќе пристигнаа, а пополека се загрева атмосферата меѓу навивачите. Исто така, присутни се дел и од новинарските екипи низ Македонија.
Како што соопштија од Град Скопје, ракометарите на Вардар ќе пристигнат во 20:30 часот. Ова последно одложување на летот се должи на, како што рекоа, административни причини.