Форум на жени на СДСМ: Нè oхрабруваат политичари кои неседнати во фотељи покажаа агресија и недостоинство

by Fokus

Во постот на Апасиев, со кој директно ја навредува другарката Радмила Шекеринска, се гледа омраза кон жените воопшто, а уште појасно се гледа омразата кон жените кои се активни и гласни во политичкото делување, се вели во реакцијата на Форумот на жени на СДСМ.

„Тој со ова ја покажа својата „свежина“ што ја внесува на политичката сцена. Ова е она што најмалку му беше потребно на македонското Собрание. Ние му порачуваме дека жени во политика кои се моќни има и ќе нè има уште повеќе. Политичари кои уште неседнати во фотељите покажаа агресија и недостоинство под секое ниво, уште повеќе нè охрабруваат да дејствуваме заедно“, пишува во пораката на Форумот на жени на СДСМ кои ја завршуваат со „доаѓаме уште помоќни и уште повеќе“.

Реакцијата на Форумот на жени на СДСМ доаѓа како последица на Фејсбук постот со недоличен вокабулар на лидерот на „Левица“, Апасиев што беше упатен кон министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денот на одбележување на 19 години од загинувањето на десетее прилепски резервисти-бранители кај Карпалак.

Поврзани новости