Форум на слободоумни патриоти кон Заев и Димитров: Македонскиот народ одамна ве има прогласено за напожелни во Македонија

by fokus

Во пресрет на референдумот, кој треба да се одржи на крајот на овој месец, повеќето политички партии и форуми искажуваат свое мислење околу тоа. Форумот на слободоумни патриоти смета дека референдумот во Македонија нема да успее без разлика на сите уцени и закани.

„Форумот на слободоумни патриоти ги повикува белосветските мешетари да прекинат да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија и да прекинат да го уценуваат народот. Сакаме да им укажеме дека вашата непринципиелност и вашиот безокразлук нема крај.

Место да зборуваат за меѓународно право, за исполнување на меѓународни норми, за исполнување на Копенхашките критериуми, вие вулгарно и безобразно се мешате во работи кои не се во ваша надлежност. Притоа, ги прекршувате сите дипломатските протоколи и меѓународното право.

Референдумот во Република Македонија нема да успее, без разлика на сите уцени и зите закани кои ги упатувате во последниот период. Доколку истото ова се случуваше во државите од кои доаѓате, до сега ќе ги протеравте дипломатите кои се мешаат во внатрешни работи на една суверена држава. Ние сме свесни дека предавничката двојка Заев-Димитров и нивните пулени нема да ве протераат само заради тоа благодарение на вашите непринципиелни политики дојдоа на власт, но Македонскиот народ многу одамна ве има прогласено за непожелни во Република Македонија“, се вели во нивното соопштение.

Поврзани новости