Форумот на слободоумни патриоти велат згрозени се од насилничкиот карактер на објавените разговори, од кои “јасно се слуша како се планираат и подготвуваат демонтрации и насилства за упад во просториите на општина „Центар“.
– Со ваквата диригирана демонтрација на сила тешко е нарушен демократскиот углед на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо одговор, раководството на ВМРО-ДПМНЕ со истечен партиски мандат, веќе три месеци рециклира едно те исто, неписмено соопштение, со кое се обидува сите во државата да ги направи глуви и слепои идиоти. Со овие несреќно репетирани соопштенија Центарот за дезинформации на врхушката практично признава две работи: прво дека разговорите се веродостојни, и второ, кога веќе се сигурност тврдат дека станува збор за “сечени, монтирани, прилепувани и вадени од контекст материјали“, тогаш, ги повикуваме да ги објават интегралните материјали, се вели во соопштението на Форумот.
Форумот го повикува чесното и вредно членство да не дозволи да биде искористено како статист во претставите за лажна мобилизација и поддршка. Со тоа велат, ниту и се помага на партијата, ниту нешто се решава, ниту, пак раководството нешто ќе спаси.