91
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, го прими специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
– Конструктивна и многу фер средба со Мирослав Лајчак. Укажав на неопходноста од формирање Заедница на српски општини, најитно одржување на локални избори на северот на Косово и Метохија, и побарав поддршка од ЕУ за запирање на натамошните провокации кои доаѓаат од Приштина. Ја повторив подготвеноста на Република Србија да ги исполни своите обврски, во согласност со меѓународните правни договори, притоа почитувајќи го Уставот на Република Србија и Повелбата на ОН – напиша Вучиќ.
View this post on Instagram