Формирана работна група за реформирање на Судскиот совет: членови се судии и професори

by Fokus

Со цел надминување на слабостите наведени во Извештајот на Европската комисија за досегашната работа на Судскиот совет, а во рамки на надлежностите на Министерството за правда за изготвување на законите во оваа област, формирана е работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судскиот совет, со претставници од правосудството, академската заедница и невладиниот сектор.

Со работната група ќе претседава Академик Владо Камбовски, член на Македонската академија на науките и уметностите и во неа ќе учестуваат:

– Маргарита Цаца – Николовска, – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур
– д-р Бајрам Положани, поранешен судија на Уставниот суд и професор по уставно право,
– Бранко Наумовски, поранешен претседател на Уставниот суд;
– Сали Мурати, поранешен претседател на Уставниот суд
– Беса Адеми, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
– Јелена Кадриќ, претставник од Институтот за човекови права
– Ивана Петковска, претставник од Коалиција Сите за правично судење
– Џемали Саити, судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија;
– д-р Денис Прешова, професор на Правниот факултет „Јустинија Први“- Скопје;
– д-р Ана Павловска – Данева, професор на Правниот факултет „Јустинија Први“- Скопје;
– Ѓорѓи Радојков, поранешен судија
– Ивица Николовски, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија
– д-р Јетон Шасивари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа;
– д-р Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа;
– Шпенд Деваја – судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија;

Paботната група во својата работа ќе повикува и претставници од сите релеванти органи од областа на правосудство.

Поврзани новости