Формиран тим кој ќе ги оцени постапките на косовската полиција

by Фокус

Полицискиот инспекторат на Косово, во координација со Министерството за внатрешни работи во Приштина, формираше заеднички тим кој треба да ги оцени постапките на полицијата при вчерашните инциденти пред општинските згради во Зубин Поток, Звечан и Лепосваиќ.

„Целта на ваквата одлука е да се осигура дека косовската полиција ги извршува своите должности во согласност со уставните и законските стандарди и овластувања, со цел да се создаде безбедна средина за граѓаните без разлика. Исто така, тој тим има намера да утврди дали при оваа акција биле пречекорени полициските овластувања“, се вели во соопштението.

Во зависност од резултатите од истрагата, ќе се постапува согласно законот, во координација со полицијата и обвинителството, се заклучува во соопштението.

Мисијата на КФОР ги осуди „сите еднострани дејствија што ризикуваат понатамошна ескалација на тензиите“ во Косово.

„Наш прв приоритет останува осигурување безбедна средина, во согласност со нашиот мандат“, објави синоќа мисијата на Твитер. Во соопштението на Кфор се додава дека тие „внимателно“ ја следат ситуацијата на северот на Косово.

По средбата со премиерот на Косово, Албин Курти, и претседателката Вјоса Османи, специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, дека спонтано решил да дојде на Косово по вчерашните случувањата за кои вели дека предизвикале загриженост.

-Мојата порака денеска е дека нема да дозволиме Охридскиот договор кој нуди можности, да биде фрлен поради глупост. Разбирам дека за многу луѓе во Република Косово изјавите за Охридскиот договор кои доаѓаат од Белград се неприфатливи и тешко разбирливи. Но, секој политичар во оваа земја и регион има одговорност за своите постапки и секако, чувството на некои од нив е дека работите не одат како што треба, не може да се носат непромислени одлуки – рече тој.

 

 

Поврзани новости