Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, имаше средба со генералниот директор на „Развојниот холдинг на Абу Даби -ADQ“ Мохамед Хасан Ал Суваиди, како и со останати претставници на раководството на холдингот.
Премиерот Ковачевски, заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги претставија можностите за финансирање и инвестиции во повеќе сектори.
-Целта е да се зацврстат економските врски меѓу двете земји и да се поттикне значителен интерес за инвестиции во целните сектори, вклучително и обновливите извори на енергија, инфраструктура, туризам,земјоделство, здравство.
На состанокот стана збор и за воспоставување на директна линија Скопје – Абу Даби во насока на продлабочување на економската соработка, информира владината прес-служба.