Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за кратење на средствата за покривање на операции на кардиоваскуларните заболување за приватните болници.
Во образложението на оваа одлука пишува дека кардиоваскуларните заболувања се најчестите заболувања во Македонија, а за нивен третман се трошат огромни средства.
Од Фондот велат дека голем дел од овие операции можат да се изведуваат во државната Клиника за кардиохирургија, па најголемиот дел од парите за кои ФЗО ги покрива трошоците ќе одат на сметката на јавната здравствена установа Универзитетската клиника за државна кардиохирургија и кардиологија.
Намален е бројот на покриени операции за приватните здравствени уставнови, клиничките болници Систина – Аџибадем и Жан Митрев.
Целиот текст на следниот линк!