Поранешниот премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека е чест и обврска е да се дава поддршка на употребата на македонскиот јазик.
„Преку нашата Фондација го поддржуваме редовното издавање на „Преспа“ – весникот на заедницата на Македонците во Албанија. Го помагаме информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик. Го афирмираме македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и придонесуваме кон унапредување на правата на македонската дијаспора“, објави Заев.
Во објавата од Заев стои линк до веб страницата на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ каде пишува дека Фондацијата поаѓајќи од своите цели и начела, покрај активностите од своите програмски определби кои се однесуваат на ангажмани од хуманитарно-добротворен карактер, ги поддржуваат и активностите кои се во функција на зачувување, негување и афирмација на македонскиот јазик и култура во земјавата и надвор од неа.
„Деновиве логото на фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ се најде на насловната страна на најновиот (јулски) број на „Преспа“ – весник на заедницата на Македонците во Албанија, како сведоштво за поддршката на нашата фондацијата за понатамошното редовно излегување на овој весник. На тој начин, фондацијата го помага информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик, а со тоа и активностите на заедницата на Македонците во нашиот западен сосед, кои се во функција на афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет, како и унапредувањето на нивните положби и права“, објави Фондацијата „Заев“