Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен држи говор во Европскиот парламент во Стразбур за состојбата на Унијата.
„За помалку од 300 дена, граѓаните на ЕУ ќе гласаат на избори во нашата единствена демократија. Ќе биде време тие да одлучат каква иднина и каква Европа сакаат“, рече таа на почетокот на говорот.
Секоја година, шефот на Европската комисија одржува говор за состојбата на Унијата во септември.
Оваа практика беше воведена со Договорот од Лисабон и беше направена по примерот на обраќањата на американските претседатели до Конгресот.
Според написите, ова е последниот говор на Фон дер Лејен во овој мандат. Таа се споменува и како можен наследник на Јенс Столтенберг како генерален секретар на НАТО.
Се очекува претседателката на Комисијата во својот говор да ги истакне своите приоритети во последната година од мандатот и да се осврне на постигнувањата во изминатите четири години.