Претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен денеска ја посети Долна Јабланица, местото во БиХ тешко оштетено од поплави и лизгање на земјиштето, каде неодамна животот го загубија 18 лица.
Во придружба на претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, првата дама на Европската комисија изрази солидарност со луѓето погодени од катастрофалните поплави и одрони во градот во северниот дел на Херцеговина.
На таа локација, која сè уште е под големи количества карпи, песок и кал што уништи десетици семејни домови, Фон дер Лајен разговараше со спасувачките тимови вклучени во извлекувањето на телата на жртвите.
На почетокот на месецот во општините Јабланица и Коњица во северниот дел на Херцеговина и Кисељак, Крешево и Фојница во централна Босна, во поплави и свлечишта загинаа 27 лица, а причинета е и голема материјална штета.
Според првите проценки од овие општини, штетата изнесува најмалку 85 милиони евра.
По посетата на Босна и Херцеговина, Фон дер Лајен заминува за Белград, каде ќе се сретне со српскиот премиер Милош Вучевиќ и со претседателот Александар Вучиќ.