327
Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја пречека и ќе биде домаќин на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Република Северна Македонија, како што информираат од Владата, ќе биде на 30 октомври 2023 година во понеделник.
Според соопштението, во Владата Фон дер Лајен ќе биде пречекана со највисоки државни почести.
Претседателката на Европската комисија и минатата година во октомври беше во посетата на земјата, од каде што ја почна турнејата низ земјите од Западен Балкан.
Целта на посетата беше таа да ја претстави дополнителната поддршка од ЕУ за Северна Македонија и регионот во справувањето со актуелната енергетска криза.