Фон дер Лајен утре во Брисел ќе има работен ручек со лидерите на Западен Балкан

by Fokus

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, утре во Брисел ќе одржи средба со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер, неодамна објави дека шестмина лидери од Западен Балкан биле поканети на работен ручек во Берлаимон, седиштето на ЕК, пренесува Танјуг.

Мамер не даде повеќе детали за планираната средба.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера го претстави предлогот за новиот состав на Европската комисија за следните пет години.

Од македонската Влада информираа дека премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија – Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојуваат во работната посета на Брисел каде Мицкоски заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Поврзани новости