Фон дер Лајен: Србија е една од најнапредните земји на патот кон ЕУ

by Fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја повика Србија да се приклучи на ЕУ во заедничката набавка на гас и најави 160 милиони евра итна поддршка на државниот буџет за снабдување со енергија.

Фон дер Лајен денеска по посетата на работите на изградбата на гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија изјави дека знае оти иднината на Србија е во ЕУ бидејќи Унијата не е целосна без Србија.

„Знам дека иднината на Србија е во ЕУ, знам дека нашата ЕУ не е целосна без Србија затоа што ја делиме истата определба за заедничка иднина и затоа ајде да продолжиме да работиме на тоа заедно“, рече таа на заедничката прес-конференција со Српскиот претседател Александар Вучиќ. Таа додаде дека ЕУ и Западен Балкан, како и Србија се дел од Европската енергетска заедница.

Докажаниот метод на нашиот студент им помогна на илјадници луѓе да го подобрат видот – ги полуди сите во регионот
Фон дер Лајен рече дека благодарение на добриот напредок што го постигна, Србија е една од најнапредните земји на патот кон ЕУ и дека сега постои желба да се преземат понатамошни важни чекори кон ЕУ.

„Исклучително ми е драго што сум на ова посебно место што ја покажува длабоката поврзаност што ја имаме, како и нашата одлична соработка. Денеска го следиме напредокот на интерконекторот меѓу Бугарија и Србија и одлично е да се види како е овој важен проект се оформува“, рече таа, додавајќи дека 80 отсто од финансирањето е обезбедено од Европската комисија и Европската инвестициска банка.

Фон дер Лајен најави дека вечерва во Белград со претседателот Вучиќ ќе разговара за иднината и дијалогот меѓу Белград и Приштина. Таа изрази уверување дека многу брзо ќе се најде решение за спорот за замена на регистарските таблички на Косово. Во понеделник истекува рокот за пререгистрација на возилата со српски таблички и замена на табличките за оние со ознака Република Косово (РКС).

„Европската унија и нејзините партнери интензивно работат на изнаоѓање решение за регистарските таблички и длабоко сум убедена дека решение има, имаме добра волја од двете страни“, рече таа, додавајќи дека конкретно решение бара конструктивност и флексибилност од двете страни.

Вучиќ рече дека во однос на односите со Приштина, Белград ќе се потруди да ги зачува мирот и стабилноста, но и дека Приштина, а не Белград, ги направила сите еднострани потези досега.

Фон дер Лајен е во Србија како дел од неговата турнеја по Западен Балкан. Таа подоцна денеска ќе се сретне со премиерката Ана Брнабиќ, а за вечер е предвиден разговор со Вучиќ на тема односи меѓу Србија и Косово.

Поврзани новости