Фон дер Лајен сепак нема да ја посети Подгорица – авионот не можел да полета

by Fokus

Одложена е посетата на претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен на Црна Гора бидејќи нејзиниот авион не можел да полета од аеродромот во Белград поради магла.

Фон дер Лајен престојуваше во Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, а денеска требаше да ја посети Црна Гора, како дел од регионалната турнеја низ Западен Балкан.

Во Црна Гора таа требаше да се сретне со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и со премиерот Дритан Абазовиќ.

Подоцна ќе биде договорен нов термин.

-Денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Црна Гора за жал ќе мора да се одложи за друг датум бидејќи поради временските услови авионот на делегацијата не може да полета од аеродромот во Белград. Посетата ќе биде организирана на нов датум кој ќе биде меѓусебно договорен“, соопштија од делегацијата на ЕУ во Подгорица.

Црна Гора ќе добие финансиска поддршка од Европската унија за надминување на очекуваната енергетска криза, а тоа беше главната причина за посетата на Фон дер Лајен.

Поврзани новости