Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме партнери со САД за да обезбедиме траен мир за Киев

by Fokus

Сакаме да бидеме партнери со САД за да обезбедиме праведен и траен мир за Украина, му порача претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, кој во моментов е во посета на Брисел.

„Финансиски и воено, Европа придонесе (за Украина) повеќе од кој било друг. И ќе се засилиме. Сакаме да бидеме партнери со САД за да обезбедиме праведен и траен мир за Украина. Сега е критичниот момент“, пишува Фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X.

За време на средбата со Келог, претседателката на ЕК ја нагласила улогата на ЕУ во обезбедувањето финансиска и одбранбена стабилност на Украина, со вкупна поддршка од 135 милијарди евра – повеќе од кој било друг сојузник.

Ги истакнала плановите на Европа за зголемување на производството и трошоците за одбрана, зајакнувајќи ги европските и украинските воени капацитети, додавајќи дека ЕУ е подготвена да направи уште повеќе за Украина.

 

Поврзани новости