Фон дер Лајен: Русија манипулира со гасот, санкциите се тука за да останат

by Fokus

Денес храброста има име, тоа е Украина, рече Урсула фон дер Лајен, облечена во боите на украинското знаме, како и поголем дел од европарламентарците, а во присуство на првата дама на Украина, Олена Зеленска, почесен гостин на годишното обраќање за Состојбата на ЕУ. Во својот страствен говор фон дер Лајен најмногу говореше за енергетската криза од која е погодена Европа, и затоа во најголем дел пред европарламентарците ги бранеше санкциите против Русија. Оцени дека пазарот на гас „повеќе не функционира “ и дека Русија „манипулира“ со него за да ја казни Европа за поддршката за Украина.

Минатата година рускиот гас сочинуваше 40% од нашиот увезен гас. Денес таа е намалена на 9%. Но, гледаме и дека Русија продолжува активно да манипулира со нашиот енергетски пазар. Тие претпочитаат да го запалат гасот наместо да го праќаат во Европа според договорите што постојат. Значи овој пазар повеќе не функционира- изјави Лајен.

Ја повика Европската унија да го следи примерот на Европејците кои се прилагодуваат на недостигот на енергија, наведувајќи ги особено работниците во фабриката за керамика во Италија кои решиле да работат рано наутро за да имаат корист од пониските цени. Но најважниот предлог е ограничување на приходите на компаниите кои произведуваат струја по пониски цени. Сега не е време за профит, им порача првиот човек на ЕК.

Во овие времиња, добивката мора да се дели и канализира на оние на кои им е најпотребна. И затоа, нашиот предлог ги вклучува и производителите на електрична енергија од фосилни горива кои треба да придонесат во кризата. И севкупно, нашиот предлог ќе собере повеќе од 140 милијарди евра за земјите-членки директно да го ублажат ударот-кажа Урсула.

На земјите членки на ЕУ им порача не да го бараат зборот данок или такса, а зборувајќи за енергетската криза ги потсети на „важноста“ на Европскиот зелен договор. Идејата за раздвојување на цените на нуклеарната енергија и обновливите извори на енергија од цената на гасот, сепак не е потврдена од сите земји-членки. Скандинавските земји, за разлика од Франција, остро се против реформите.

Фон дер Лајен потврди дека санкциите против Москва нема да се повлечат. Санкциите се тука за да останат, и тие не ја спречуваат Русија да го извезува житото, рече фон дер Лајен, и категорично демантираше дека бродовите со жито од украинските пристаништа прво стигнале во богатите земји.

Поврзани новости