426
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен попладнево објави дека имала добар телефонски разговор со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и дека Македонија и Бугарија се блиску до договор.
-Имав добар телефонски разговори со премиерот Ковачевски. Ги поздравувам вестите дека Северна Македонија и Бугарија се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Таа дополни дека Европската комисија е спремна да го почне скринингот за Македонија и Албанија, што е следниот нивен чекор на европскиот пат.