Фон дер Лајен предложи финансиска помош за Украина од 50 милијарди евра

by Fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска предложи финансиска резерва за Украина од 50 милијарди евра во следните четири години, која вклучува заеми и грантови.

„Пред сè, резервата ќе обезбеди перспектива и предвидливост на нашите партнери во Украина. Исто така, треба да ги поттикне другите донатори да ја засилат својата поддршка. Оваа финансиска резерва ќе ни овозможи навистина да ја усогласиме нашата финансиска помош за САД со развојот на ситуацијата на терен. Затоа што сите знаеме дека војната бара најголема флексибилност од нас“, истакна Фон дер Лајен по колегиумот на ЕК на кој се разговараше за ревизија на повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ и економската безбедност.

Како што е објавено на веб-страницата на ЕУ, претседателката зборувајќи за предизвикот на миграцијата, предложила дополнителен буџет од 15 милијарди евра за бегалците во Сирија, Либан, Јордан и Турција, јужната миграциска рута и Западен Балкан.

Исто така, наведе таа, неопходно е да се задржи способноста за одговор на хуманитарни кризи и природни катастрофи.

Поврзани новости