Фон дер Лајен: Покрај Фондот за солидарност, ЕУ издвојува и 10 милијарди евра за реконструкција по поплавите

by Fokus

Европската унија ќе им овозможи на земјите погодени од поплавите, кои во Централна Европа ги донесе циклонот Борис, да искористат 10 милијарди евра од европските кохезиски фондови, покрај средствата од Фондот за солидарност за реконструкција на уништената инфраструктура и поправка на штетите, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Ни ги крши срцата кога ги гледаме уништувањата предизвикани од поплавите. Најважно е да се најдат пари за реновирање. Се договоривме флексибилно да ги приспособиме парите од Кохезиониот фонд на потребите каде што се најголеми. Засегнатите земји ќе можат да искористат 10 милијарди евра од тој фонд“, изјави претседателот на ЕК по вонредната средба со премиерите на Полска, Чешка, Словачка и Австрија.

Урсула фон дер Лајен рече дека парите од Фондот за солидарност, кои ЕУ ги има за да ги помогне во случаи на природни непогоди и катастрофи, сигурно нема да бидат доволни за санација и реконструкција на штетите и затоа Брисел ги издвојува овие дополнителни 10 милијарди евра според поедноставена процедура.

Поврзани новости