Фон дер Лајен и Борел патуваат за Киев

by fokus

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе го посети украинскиот главен град Киев, каде меѓу другите ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски.

Таа ќе биде придружувана од шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

Европската комисија претходно објави дека посетата ќе биде оваа недела, но не го наведе точниот ден.

Фон дер Лајен ќе биде првиот западен лидер што ќе ја посети Украина откако беа разоткриени злосторствата во киевското предградие Буча.

Во средината на март премиерите на Полска, Словенија и Чешка отпатуваа за Киев со воз. Минатата недела претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола го посети градот.

Поврзани новости