Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека за време на нејзината посета на Пекинг го охрабрила кинескиот претседател Си Џинпинг да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На прашањето на новинарите по средбата со кинескиот домаќин, Фон дер Лејен рече дека „Кина може да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина“.
Претседателот на ЕК изрази загриженост за „нуклеарните закани“ поради распоредувањето руско оружје во Белорусија и рече дека Кина, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, има одговорност да го искористи своето влијание и децениското пријателство со Русија.
Таа, исто така, рече дека стабилноста во Тајван е од најголема важност.
– Никој не треба еднострано да го менува статус квото со закана со сила во овој регион, а тензиите треба да се решаваат со дијалог – додаде таа.