Фон дер Лајен го нарекува гласањето за недоверба против неа обид од екстремистички прирачник

by irena 20:21
20:21

Урсула фон дер Лајен денес го отфрли предлогот за недоверба против неа како претседател на Европската комисија како обид „од прирачникот на екстремистите“ и теоретичарите на заговор.

Европскиот парламент ќе гласа за недоверба на претседателот на Европската комисија во четврток откако 75 европратеници, претежно од десницата, собраа потписи за да се спроведе гласањето. Тие првенствено ја критикуваат Германката за одбивањето да објави размена на текстуални пораки со извршниот директор на американската фармацевтска компанија Фајзер, Алберт Бурла, за време на пандемијата на коронавирусот.

Комисијата го отфрли барањето на новинарите да се објави преписка од 2021 година помеѓу Бурла и Лајен за набавка на вакцини. Општиот суд на Европската унија пресуди во мај дека Комисијата не дала доволно причини за необјавување на преписката, на што европското извршно тело поднесе жалба.

Фон дер Лајен денес се бранеше дека конечниот договор меѓу ЕУ и Фајзер бил во интерес на Европа и не бил постигнат тајно бидејќи потоа бил разгледан и одобрен од сите 27 европски престолнини. Таа ги нарече критичарите „теоретичари на заговор“, „антиваксери“ и проруски играчи кои ги црпат своите методи од „најстарите прирачници на екстремистите“.

Нивната цел е да го поларизираат општеството, да ја поткопаат довербата во демократијата, да шират лажни тврдења за влијание врз изборите и да ја ревидираат историјата, продолжи Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека „не е тајна“ дека била во контакт со фармацевтската индустрија, но и дека нејзината стратегија обезбедила сите членки на ЕУ да имаат еднаков пристап до вакцини за време на пандемијата.

Потписниците на предлогот, предводени од Романецот Георге Пипере, конзервативен европратеник (ECR), исто така го критикуваат претседателот на ЕК за наводната централизација на моќта, „одвојување“ од европските граѓани и влијание врз националните избори.

Малку е веројатно дека Парламентот всушност ќе гласа за предлогот за недоверба на фон дер Лајен во четврток, бидејќи за тоа е потребно двотретинско мнозинство, а главните политички групи веќе објавија дека нема да го поддржат предлогот.

Сепак, денешната дебата беше можност за многумина од нив да ги искажат своите критики, вклучително и кон нејзината Европска народна партија, која таа ја нарекува екстремистичка по прашањето на миграцијата и зелените политики.

„Дали сакате да владеете со оние кои сакаат да ја уништат Европа или со оние кои се борат секој ден за да ја изградат?“, ја праша Ираче Гарсија Перез, лидерка на социјалистите и демократите.

„Го храните чудовиштето“ на екстремната десница и „тоа на крајот ќе ве изеде“, рече лидерот на Зелените, Бас Ајкаут.

Слични вести