Фон дер Лајен – фаворит за втор мандат на чело на ЕК

by Fokus

Бриселскиот портал Политико пишува дека Урсула фон дер Лајен во моментов е фаворит за втор мандат на чело на Европската комисија.

На непланираното патување во Израел минатиот октомври, Фон дер Лејен, стоејќи до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изрази безрезервна солидарност во борбата на Израел против Хамас. Зборовите на Фон дер Лајен предизвикаа најостра реакција на европските функционери во нејзините четири години на функцијата, се наведува во анализата на Политико.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, јавно ја критикуваше Урсула фон дер Лајен „за тоа што се преправа дека зборува во име на целата ЕУ“.

Меѓутоа, само неколку месеци подоцна, нејзината позиција повторно стана цврста и стабилна, наведува бриселскиот портал, додавајќи дека без извинување или повлекување на изјавите, таа ја издржала политичката бура и од неа излегла политички неповредена, „ако не и посилна од било кога. “

Фон дер Лајен во моментов е фаворит за втор мандат на чело на ЕК, наведува Политико и додава дека, наспроти критиките, ја покажува способноста на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дрско да се брани, останувајќи смирена и присебна во текот на кризните ситуации, со насмевка на лицето цело време, додека нејзините критичари не исчезнат.

Кога нејзиното име се појави во европските политички кругови во 2019 година по изборите за Европскиот парламент, таа беше мистерија за сите освен за естаблишментот во Берлин, каде што успеа да се искачи на врвот на германската политика под тогашната канцеларка Ангела Меркел.

Урсула фон дер Лајен во Брисел пристигна речиси од ведро небо.

Изборот на поранешната германска министерка за одбрана за претседател на Европската комисија на одреден начин и лично значеше дека се враќа дома.

Нејзиниот татко Ернст Албрехт бил еден од првите функционери на ЕУ, а првите 13 години од животот ги поминала во бриселската населба Иксел, во сенка на институциите на ЕУ, посетувајќи европско училиште.

За Урсула фон дер Лајен, изборот за претседател на Европската комисија беше исто така „можност да избега од бродот што тоне“, според Политико.

Таа првично се сметаше за штитеничка на Меркел, но нејзината кариера беше предизвикана од скандалот околу употребата на надворешни консултанти без соодветен надзор во нејзиното министерство.

Дури и кога Фон дер Лајен ја презеде функцијата претседател на ЕК, таа се соочуваше со парламентарна истрага во Германија, при што пратениците беа огорчени од исчезнувањето на мобилните телефони за кои се верува дека се клучни докази во случајот против поранешниот министер за одбрана.

Меѓутоа, и тогаш не требаше да се чека предолго за да исчезнат критиките на противниците.

Фон дер Лајен брзо се етаблира како веројатно најмоќната претседателка на Европската комисија по Жак Делор, титанот на европската политика кој почина во декември 2023 година.

Поврзани новости