752
Европската унија мора целосно да се ослободи од зависноста од Русија за гас, нафта и јаглен преку диверзификација, енергетска ефикасност и енергетска транзиција. Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Мадрид.
– Енергијата останува едно од критичните прашања. ЕУ мора да се ослободи од зависноста од руската нафта, гас и јаглен. За да го направиме ова, треба да ги диверзифицираме набавките, да постигнеме подобри резултати во енергетската ефикасност и треба многу да инвестираме во обновливите извори на енергија, додаде Фон дер Лајен