Фон дер Лајен: ЕУ ја потврди колективната посветеност на иднината на сите шест партнери од Западен Балкан

by Fokus

„ЕУ силно ја потврди својата колективна посветеност на иднината во која сите шест партнери од Западен Балкан се дел од Унијата“.

Ова денеска го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на самитот на Европскиот совет во Брисел.

Таа потсети дека за време на ЕУ самитот, Унијата одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија и да и додели на Грузија статус на кандидат за членство во ЕУ, како и да ги отвори пристапните преговори со БиХ кога ќе се исполни потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство.

„Силно ја потврдивме нашата колективна посветеност на иднината каде што сите шест партнери од Западен Балкан се дел од Унијата. На пример, за Албанија и Северна Македонија, целта на Европската комисија е што поскоро да ги отвори пристапните преговори за првите таканаречени основни кластери“, рече Фон дер Лајен.

Таа оцени дека одлуките донесени вчера на самитот на Европскиот совет покажуваат дека ЕУ ги исполнува своите ветувања.

„Причината за денешното проширување никогаш не била посилна и попривлечна. Во свет потресен од повеќе кризи, тоа е инвестиција во стабилност. Тоа е инвестиција во безбедноста и просперитетот на нашиот континент и голема инвестиција во демократиите“, рече претседателката на ЕК.

Поврзани новости