Фон Дер Лајен до Ковачевски: Можеш да сметаш дека договорот за ФРОНТЕКС ќе биде преведен на македонски јазик

by Fokus

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка, Петр Фиала, како претставник на чешкото претседателство со ЕУ, ги пречекаа премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, во Брисел каде треба да се одржат првите меѓувладини конференции на двете земји за почеток на преговорите со ЕУ.

Дел од македонската делегација што ја предводи премиерот се и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

По 17 години кандидатски статус Македонија денеска во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Утринава се одржа првата меѓувладина конференција. Прва говореше претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која кажа дека Македонија наскоро со нас ќе го потпише ФРОНТЕКС договорот. Ова ќе ја зајакне соработката во однос на миграцијата.

-Димитар, можеш да сметаш на мојата поддршка дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без цртички, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици, истакна фон дер Лајен.

Најави засилување во инвестициите, максимално користење на енергијата, европските фондови, што ќе значи и нови работни места.

-Покажавте лидерство, визија, стратешко трпение, Еди Рама неизмерно многу, но најважно од се е што во овие времиња на рсуката брутална војна вие постојано укажувавте дека европските вредности остануваат вашите основи, истакна Фон дер Лајен.

Премиерот Ковачевски говореше на македонски јазик, изрази благодарност за заложбата на европските лидери Македонија да ги почне преговорите.

-Со тоа се отвора вратата  нашиот македонкси јазик да стене дел од ЕУ, но и многумина ќе можат да се запознаат со него и нашата традиција, која ќе остане иста и во ЕУ. Нашето место е во ЕУ, докажавме дека сме партнер од доверба и така ќе биде и во иднина, затоа очекувам позитивен пример за најбрза интеграција на земјата во ЕУ, исто како во НАТО, изјави премиерот.

 

 

 

Поврзани новости