Фон дер Лајен: Борбата на Украинците за слобода ни го покажа вистинското значење на Европа

by Фокус

Ми претставува чест што можам да се обратам во Домот на украинската демократија, полна со емоции, со восхит за вашата храброст и издржливост, со тага за сите страдања што Русија и ги нанесе на вашата сакана земја и со почит за сета неверојатна законодавна работа што овој Дом ја спроведе додека водите војна за опстанок, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред членовите на украинската Врховна рада.

– Но, најсилното од сите чувства е благодарноста. Цела Европа ви должи длабока благодарност за се што направивте од почетокот на оваа брутална војна. Вие се борите не само за вашата слобода, вашата демократија и вашата иднина, туку и за нашата. Вие се борите за Европа. Ова е нешто за што ние сме целосно свесни. Почитувани членови на Радата, драг народе на Украина, Ви благодарам многу – рече Фон дер Лајен.

Таа потсети и на храброста на Олександр Мациевски, убиен од страна на руските сили по заробувањето во битката кај Бахмут, чие погубување го оцени како едно од многуте воени злосторства во крвавата војна во Украина.

– Додека Олександар ги гледаше своите убијци, немаше страв на неговото лице. Тој пркосно застана пред нив и кажа два едноставни збора. Зборови на слобода. Зборови на гордост. Зборови кои значат дека Русија никогаш нема да победи во оваа војна. И сега тие зборови се засекогаш врежани во срцата на сите слободни луѓе во светот: Слава на Украина – порача претседателката на ЕК.

Таа потенцира дека во услови кога сите Украинци се спротивставуваат на руската бруталност, на остатокот од Европа и преостанува само една работа, а тоа да застане покрај Украина онолку долго колку што е потребно.

– Ова е причината зошто следната недела го објавуваме нашиот 12-ти пакет санкции против Русија. Новите санкции ќе опфатат до 100 нови лица, нови забрани за увоз и извоз, активности за заострување на ограничувањето на цената на нафтата и строги мерки за компаниите од трети земји кои ги заобиколуваат санкциите. Предолго, многумина во Европа мислеа дека можеме да тргуваме со Русија и да ја интегрираме во безбедносниот поредок на Европа. Но, тоа не функционира – истакна таа.

Поврзани новости