525
Европската унија собира милијарди евра со идеја да овозможи вакцинација против коронавирусот еден ден да биде на располагање на сите, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека е потребен план.
Во понеделник, Европската унија и партнерите ќе се обидат да соберат 7,5 милијарди евра на донаторска конференција за развој на вакцини и терапија против коронавирусот.
Таа додаде дека започнале заеднички анализи за вакцината, но сега мора да се градат капацитети за да се произведе кога ќе биде развиена.
– Ни требаат многу дози, а тогаш мора да се осигураме дека ќе стигнат до секој агол на светот по фер и прифатлива цена, додаде германската политичарка.