Фолтин, Галоски, Ива Лоренс, Симон Трпчески, С.А.Р.С., Кирил Џајковски само дел од имињата кои настапија на фестивалот во  Дојран на фестивалот на кој 20 луѓе беа поради дрога

by Fokus

Акцијата на МВР во која беа приведени  20 лица во Дојран, откако кај нив била пронајдена дрога, се случувала за време на одржувањето на традиционалната и популарна манифестација Д Фестивал. Годинава, како и претходните на фестивалот во Дојран настапија голем број домашни и регионални музички ѕвезди.

Во текот на тридневниот настан, на сцената на Д Фестивал во Дојран продефилираа многу музички имиња- Фолтин, Галоски, Ива Лоренс, Симон Трпчески, С.А.Р.С., Кирил Џајковски, Сигала, Зарина Првасевда, Мартина Пенева, Паркети, Баклава, Аудиоцигла и многу други, односно се појавија над 50 артисти.

Фестивалот најчесто е опишан како спој на музика, театар, камп, плажа, уметност спорт и дружење. Според МВР, акцијата била со цел да се превенира недозволената продажба и употреба на наркотични средства меѓу младите, како најчести посетители на ваков тип музички манифестации. Посетителите на фестивалот, кај кои била пронајдена разновидна дрога, биле лишени од слобода, и по документирање на случаите против нив ќе биле поднесени соодветни пријави.

Вики Клинчарова

Поврзани новости