Голем број на познати имиња од фолк естрадата денес се упатија кон Прилеп, каде вечерва ќе се одржи популарниот Прилеп Фолк Фест 2022.
Настанот ќе се одржи во Дом на култура ,,Марко Цепенков” со почеток од 20 часот, а влезниците се продаваат по цена од 200 денари.
Помеѓу пејачите кои ќе настапат се Нино Величковски, Елена Велевска, Зиуца Лазова, Ивана Серафимовска, Блага Петреска, Сања Ристеска, Сања Барбика, Јордан Митев, Сани Гроздановска, Наум Петрески, Татијана Стефановска, Марјан Коцев, Сузана Гавазова, Андријана Кеш, Иван Илиев и многу други.
Веста дека по подолга пауза Прилеп Фолк Фест повторно се враќа, ги израдува фолк музичарите, но и љубителите на македонската народна песна.
Во видео пораки на страницата на фестивалот, музичарите се обратија до јавноста и ги поканија заинтересираните да присуствуваат на настанот со кој се враќа популарноста на новокомпонираната фолк музика, но и на манифестацијата на која во минатото се изродија многу хитови.
Организатори на фестивалот се „One Way“ продукција, односно Борче Нечoвски и Дејан Момироски, покровител е Општина Прилеп, а изведувачите ќе бидат наградени со награди од публика и од жири. Исто така, ќе биде доделена и награда за животно дело.
Вики Клинчарова