Фолк естрадата ќе пее на ,,Гоце Фест”

by Fokus

Во петок, 18-ти март, ќе се одржи фестивалот на новосоздадени македонски патриотски и родољубиви песни „Гоце фест“.

Настанот кој е во чест на ликот и делото на Гоце Делчев ќе започне во 20 часот во Домот на АРМ Скопје, а најавено е учество на познати музички имиња од земјава. Блага Петреска, Виданка Ѓорѓиевска, Круме Спасовски, Ани Малинкова, Јулија, Петар Нечовски, Лени Партикова, Кате Соната, Ванчо Тарабунов и многу други се дел од учесниците на фестивалот, на кој годинава ќе се одбележат 150 години од раѓањето на Делчев.

Водител ќе биде Сузана Апостолова, а фестивалот е во организација на Ансамблот за народни песни и ора „Гоце Делчев“ од Скопје. ,,Гоце Фест” за прв пат се одржа во 1990 година, и од фестивалот веќе произлегоа над 700 песни со патриотска содржина.

В.К.

Поврзани новости