Утре во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи седмото издание на фолк фестивалот „Прилеп фест”.
Најавено е учество на голем број на познати народни пејачи, помеѓу кои Благоја Грујовски, Елена Велевска, Ирена Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Петар Нечовски, Сања Барби, Јордан Митев, Адријана Кеш, групите Фортуна, Дрм тим, Алтернатор, Круна и други.
Лили Семкова ќе биде музичка гостинка од Бугарија.
Од Советот на фестивалот најавуваат богата програма и современи македонски песни од докажани автори.
Влезниците се продаваат по цена од 200 денари.
Дел од пејачите кои ќе учествуваат на фестивалот велат дека ги радува тоа што фолк сцената и фестивалите на народна музика ја враќаат својата популарност. Викендов голем број на музичари настапија на „Валандово Фест“, а пак минатиот месец во Кочани се одржа Фолк вечер на популарноста.
Вики Клинчарова