463
Сајтот „Фокус“ според статистиката за последните 30 дена, беше прв по бројот на social media engagements, односно имаше најголем вкупен број на лајкови, коментари и споделувања од македонските сајтови кои третираат политика. Вкупниот број на social media engagements на нашиот сајт за последните 30 дена е 282.322.
„Фокус“ според оваа статистика за сите видови македонски портали е втор на листата, а прв е спортскиот сајт Gol.mk. Овој спортски сајт достигна читаност од речиси 2 милиони прелистани страници и 450.000 посети за само три дена, во периодот кога Вардар ја освои ракометната Лига на шампиони.