„Фокус“ од НАТО: Ќе тргне ли Украина на Крим?

by fokus

Додека активностите на фронтот во Украина забавуваат и се очекува нивно мирување во текот на зимата, „Фокус“ разговараше со висок претставник на НАТО во Брисел за можните идни случувања. Особено по напредувањето на украинската армија и враќање под контрола на регионот Херсон.

На прашањето на „Фокус“ дали постои реална можност Украина да стигне до анектираниот Крим и да го врати во својот состав или далеку е да се размислува за такво нешто, високиот претставник на НАТО вели:

Што значи победа во војната за Украина и како таа ја сфаќа победата? За неа тоа значи целосно враќање на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата. Тука влегува и илегалната анексија на Крим. Од информациите на терен, Русите веќе дополнително ги зајакнуваат капацитетите на Крим што покажува дека сметаат дека има можност украинската војска да стигне до таму.

Високиот претставник на НАТО додаде и дека мобилизацијата во Русија не ги дава замислените резултати, а има и информации кои велат дека оние војници што одбиваат да се борат се мачени од страна на своите старешени.

Имало и случаи кога војници кои одбиваат да се борат биле стрелани од зад грб.

Од Брисел,
Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости