,,Фокус” ќе го бојкотира пресот на адвокат на Васо Јованов и нема да објавува вознемирувачки видеа поврзани со смртта на Фросина Кулакова!

by Fokus

Семејството на починатата дизајнерка Фросина Кулакова се обрати со јавен апел до институциите, но и до медиумите, дека има сознанија како адвокатот на Васо Јованов, Сашо Дукоски, утре на прес конференција ќе прикаже вознемирувачка видео снимка, направена веднаш по трагедијата. Кулакови замолуваат, доколку адвокатот Дукоски навистина го прикаже видеото со починатата Фросина, да не се објавува истото, како од страна на медиумите, исто така и да не се споделува од страна на јавноста.

,,Фокус” како медиум кој строго се придржува до професионалните/етичките стандарди, Кодексот на новинарите и Принципите на Меѓународната федерација на новинарите, не само што нема да објавува видеа поврзани со случајот, а кои се крајно вознемирувачки, не само за семејството на жртвата, туку и за целокупната јавност, нема ниту да присуствува на прес конференцијата на адвокатот на Васо Јованов.

Се работи за посебно сензитивен случај кој предизвика огромна вознемиреност кај граѓаните. Поради тоа, секој обид да се ублажи сериозноста на ситуацијата и на прес конференции да се изнесуваат било какви оправданија за оваа трагедија од страна на адвокатски тимови на обвинетиот, нема да бидат објавени.

Вики Клинчарова

Поврзани новости