Пред речиси една година, државниот правобранител Фехми Стафа алармирал повеќе државни институции за да се изнајде начин државата да се офајди од конфискуваниот имот на „Трансмет“, на бизнисменот Сеад Кочан, запленет во случајот „Труст“, а кој наместо државата го земаа извршителите.
Станува збор за над 17 милиони евра, кои требаше да го свртат бројчаникот на државното чекмезе, но парите се раскрчмуваат во приватни џебови.
Во испратените дописи Државното правобранителство прстот на вина за неуспешната конфискација ја вперува во неколку државни органи, а особено кон обвинителството.
Неделникот „Фокус“ пак ја истражува и улогата на Државното правобранителство, односно дали и тоа има одговорност, па со испратените дописи, се обидува да „си ја брка мувата од капата“.
Откриваме дека во 2019 година на едно од рочиштата за стечајната постапка државниот правобранител не ги оспорил побарувањата на доверителите од „Трансмет“, по што дел од нив се извршиле.
Реагираат, но многу подоцна, односно кон крајот на 2021 година, кога поднесуваат неколку тужби со цел да го вратат имотот на државата.
„Фокус“ исто така ексклузивно открива потенцијална врска на државниот правобраните Стафа со фамилијата Кочан. Поточно, според податоците што ги истражуваме, нив ги врзува недвижен имот во Скопје, за што располагаме со детали!
Оваа врска меѓу бизнисменот и државниот правобранител, како што дознаваме, веќе го вклучи алармот на една од инстиуциите, која го истражува случајот.
Многу повеќе детали за ова истражување ќе можете да прочитате во најновиот број на неделникот „Фокус“ кој ќе излезе во среда.
Валентина Вурмо