122
Професорката Гордана Силјановска Давкова денеска стана шестиот претседател на Македонија од осамостојувањето на републиката.
Таа најпрво во Собранието положи свечена заклетва пред многубројните политичари, амбасадори, свештеници, високи гости.
По заклетвата, одржа говор пред присутните.
Следуваше коктел во Собранието, па следната дестинација за 71-годишната Силјановска Давкова беше „Вила Водно“.
Таму ја пречека сега веќе поранешниот претседател Стево Пендаровски и со свечена церемонија и ја отстапи претседателската фотелја на која професорката ќе биде 5 години.
Ви ја доловуваме целата слика преку објективот на Томислав Георгиев: