Зошто во 1990 година, на името на партијата ги додадовме четирите свети букви – ВМРО?

by fokus

Голем дел од својот текст во „Фокус“ бр. 1151 под наслов „Зошто Драган Богдановски беше против кратенката ВМРО во името новата партија?“, Стојан Андов посветува на прашањето: зошто било потребно во 1990 година да се стави името ВМРО?

Господине Андов, еве ќе ви одговорам. Името ВМРО го ставивме поради таквите како тебе. Затоа што ти во таа 1991 година, партијата што ја водеше, ти се викаше Реформски сили на Југославија, затоа што беше еден од поголемите симболи на југословенството.

И, треба да знаеш, секогаш кога зборувавме за Киро Глигоров како за голем Југословен и тебе те стававме во тој пакет, рамо до рамо со него.

А такви како тебе имаше многу во тоа време и токму на таквите луѓе сакавме да им создадеме една експлозија во главата за да сфатат дека имало идеја за самостојна и независна Македонија!

Пишува
Љубчо ГЕОРГИЕВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”