Зошто Тодор Александров за едни е херој, за други злосторник?

by fokus

Не е контроверзен самиот Тодор Александров, колку што е контроверзно и нејасно времето во кое живее. Тој не е виновен поради фактот што, иако роден Македонец од Штип, имал изразено бугарско национално чувство бидејќи тоа чувство во тој период доминирало кај 90 отсто од Македонците.

И тука Александров треба да се амнестира или рехабилитира. Значи, гревот на Александров не е во тоа што ѝ служел на бугарската држава, која искрено во срцето си ја чувствувал за своја. Тоа не значи дека не ја сакал Македонија како област во која бил роден.

Но, тоа не ги покрива неговите злодела и ликвидации што ги вршел на теренот. Не ги покрива „магарешките“ атентати со стотици мртви и којзнае колку ранети заедно со сите реперкусии што ги носеле.

Не ги мие ниту реките македонска крв пролеани во меѓусебните пресметки во организацијата кои тој ги започнал. Од денешна перспектива и согласно денешното, а веројатно и тогашното законодавство, Александров има дела за 10 доживотни затворски казни

Пишува
Дејан АЗЕСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”