Ако власта навистина е толку патриотска или проевропска (сеедно која опција е на власт), нека земе таа да се жртвува, па да не краде и да не става глупави луѓе на одговорни позиции.
Зошто мора народот секогаш да се жртвува за повисоката цел, нека се жртвува власта за повисоката цел, која демек толку ѝ е драга!
Ќе ги собере лидерот своите соработници и ќе им рече дека во овој мандат нема да се краде и дека на сите позиции ќе се поставуваат само способни и чесни кадри, дури и ако не се партиски поврзани.
Оти партијата сега има повисока цел и за да се оствари, таа не смее да се предизвика народот да ѝ сврти грб изнервиран од аферите и скандалите предизвикани од јавашлук и апашлук.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК