Зошто Државното правобранителство ја оспорило продажбата на недоградениот хотел на „Гранит“ во Дојран за 150.000 евра?!

by fokus

Уште во далечната 1982 година, тогашната државна градежна компанија „Гранит“ добила одобрение за изградба на хотел покрај Дојранско Eзеро со површина од над 7 илјади квадрати.

Четири децении подоцна, хотелот не е целосно изграден, иако тоа го налагало самото одобрение. Сепак, градежниот гигант, сега веќе во приватна сопственост, одлучува да го продаде објектот во фаза на затворена карабина, па неодамна склучил договор на сума од 150 илјади евра со охридската транспортна компанија „Руски-Транс“.

Набргу потоа, Општина Дојран издава решение за промена на инвеститор, кое го потврдило и Министерството за транспорт и врски.

Но, Државното правобранителство ја оспорило постапката пред Управниот суд. Додека судската постапка е во тек, објектот паднал под хипотека!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК