Зошто државата наплаќа најскапи патарини, дури и за патишта што не спаѓаат во категоријата автопатишта?!

by fokus

Во Бугарија се вози цел месец за 16,55 евра на автопатишта, експресни и магистрални патишта, во Словенија една недела чини 16 евра, а во Унгарија треба да се платат околу 17 евра за десет дена.

Кај нас, пак, на делницата Скопје-Демир Капија-Скопје со 12 евра, колку што чини неделна вињета во Австрија, може да се вози само два дена по релативно лош асфалтен пат, кој нема добро осветлување на клучките, а на одредени делници нема ниту лента за запирање, што е од исклучително значење за ваков вид сообраќај.

И покрај тоа, Јавното претпријатие за државни патишта, лани инкасирало  62 милиони евра годишен приход од патарини, што е зголемување за 100 отсто во однос на 2020 година.

Пишува
Орце КОСТОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК